Background

Македонската кошаркарска федерација официјално го промовираше Марјан Илиевски како нов селектор на сениорскиот национален тим, кој ќе го наследи Александар Јончевски

Македонската кошаркарска федерација официјално го промовираше Марјан Илиевски како нов селектор на сениорскиот национален тим, кој ќе го наследи Александар Јончевски.

На прес-конференцијата, Илиевски порача дека ја прифатил функцијата со цел да обезбеди подобра иднина за македонската кошарка и побара време, поддршка и разбирање од јавноста.

– Ќе разговарам со сите потенцијални репрезентативци за да ја донесеме вистинската одлука – дали да одиме со подмладен состав или да бркаме резултати. Поддршката од клубовите ќе биде клучна – изјави Илиевски.

- Advertisement -
Ad image

Негово деби на официјален натпревар ќе биде во август, во првиот прозорец од претквалификациите за Светското првенство 2026. Македонија ќе се соочи со селекциите на Романија и Унгарија.

– Ако поискусните играчи се откажат, ќе мораме да одиме со подмладување. Исто така, не е јасно дали и кој странец со македонски пасош ќе биде дел од тимот – додаде селекторот.

Договорот меѓу Илиевски и федерацијата е на четири години, со цел да се постигне значаен напредок на европската сцена.

Во својата кариера, Илиевски бил тренер на Пелистер, Сигал Приштина, Блокотехна, Охрид, Лирија и Кожув.

Претседателот Главчев ја откри затекнатата хаос-состојба во федерацијата: Истечени договори и пад на ФИБА листата

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев, на денешната прес-конференција со која беше промовиран новиот селектор Марјан Илиевски, проговори отворено за лошата состојба во која се наоѓа сениорскиот тим и самата федерација.

– Во моментов сме 30-ти на ранг листата на ФИБА Европа. Некогаш бевме во топ 10, но сега од година во година тонеме. Треба да бидеме реални и да се соочиме со ситуацијата. Се надевам дека со Илиевски, со поддршка од медиумите и со малку време – ќе излеземе од овој лош период – истакна Главчев.

Тој изрази задоволство што Илиевски прифатил да ја води репрезентацијата, со која веќе соработувал успешно во Блокотехна.

– Не мора многу да го претставувам – тој е докажано име. Горди сме што влегуваме заедно во овој проект за спас на македонската кошарка – рече претседателот.

Главчев откри и дека федерацијата ја презел пред само 45 дена, а затекнал, како што рече, алармантна состојба.

– Кога дојдовме, истечени беа договорите на девет селектори на младински репрезентации, а беше пред истек и договорот на селекторот на А-тимот. А ние потоа се чудиме зошто не сака никој да игра за Македонија. Треба конечно сите да сфатиме дека А-репрезентацијата мора да биде врвен приоритет – рече Главчев.

Во завршница апелираше за поддршка од сите чинители во спортот.

– Ќе бидеме транспарентни, ќе работиме напорно, но едно можам да кажам со сигурност – полошо од ова нема да биде – додаде Главчев.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation