Background

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.

Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Елиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел.

На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи. На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2:0, а стрелец беше капитенот Енис Барди. На 3:0 четири минути подоцна зголеми Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86.минута. Конечните 5:0 ги постави Лука Станковски во 90.минута.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
- Advertisement -
Ad image

–  Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, на Светско првенство, да напредуваме и да бидеме идоли на некои нови млади деца и да бидеме поттик за нив – изјави стрелецот на првиот гол на денешниот дуел Елиф Елмас.

Фото: ФФМ

Следен противник на нашата репрезентација е Белгија на 10.октомври на гостински терен.

Вечерва во терминот од 20:45 часот играат Белгија – Казахстан.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се на првата позиција со 11 бодови од 5 натпревари, Велс е втор со 10 (5), Белгија има 7 на третото место (3), Казахстан е на четвртото место со 3 бодови (4), а Лихтенштајн е последен без бодови од пет натпревари.

Македонија следниот натпревар го игра на 10.октомври на гости против Белгија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation