Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако ѝ се слошило во морето додека пливала.
Ова за црногорски Вијести го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство.
Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а ѝ се слошило додека пливала во плиткото, во морето.
Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.
Инаку, жената била долгогодишен срцев пациент.