Background

Македонија2025 ја продолжува Програмата за менторство и пракси

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Македонија2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата.

- Advertisement -
Ad image

Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано менторство, кариерно насочување и практична изложеност. Таа се надоврзува на двете клучни образовни иницијативи на Македонија2025 – стипендиската програма „Атанас Близнакоф“ и фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, кои ги поддржуваат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и учениците во државните средни училишта низ земјата.

Покрај финансиската поддршка, овие програми ставаат силен акцент на менторството како клучна алатка за градење самодоверба, јасно дефинирање на личните и професионалните цели и подобра подготовка за идните академски и кариерни патеки. Преку директна комуникација со докажани професионалци од различни области стипендистите добиваат насоки и искуства кои не можат да се стекнат преку формалното образование.

Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година ќе се спроведува во текот на целата академска година и овозможува флексибилен ангажман, со вкупно до пет (5) часа менторска поддршка по академска година. Менторските активности може да се одвиваат во онлајн, физички или хибриден формат, во зависност од можностите и преференците на учесниците.

Со цел полесно вклучување и подобро запознавање со целите на програмата и функционалностите на платформата MK2025Mentor, Македонија2025 организира и онлајн инфо-сесија која ќе се одржи на 26 јануари 2026 година, со почеток во 16.00 часот (CET), преку Zoom. Регистрираните учесници навремено ќе го добијат линкот за пристап, а на сесијата ќе учествува и главната и извршна директорка на Македонија2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски.

Покрај директното менторство, програмата нуди и други можности за вклучување, како што се кариерни разговори, онлајн предавања и вебинари за стипендистите во различни фази од нивниот академски развој.

Македонија2025 ги охрабрува сите заинтересирани професионалци од земјата и странство да се регистрираат на платформата MK2025Mentor и да се вклучат на начин кој најмногу одговара на нивната експертиза и достапност, придонесувајќи кон развојот на следната генерација млади лидери во земјата.

Секој час посветен на менторство е инвестиција во иднината што сите заедно ја градиме.

За дополнителни информации и прашања, заинтересираните можат да го контактираат тимот на Македонија2025 на scholarships@macedonia2025.com.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation