Background

Македонија се најде на 41-та позиција на најсилните пасоши во светот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Македонија се најде на 41-та позиција на најсилните пасоши во светот, според најновото ажурирање на индексот на пасоши Хенли (Henley Passport Index) од декември.

- Advertisement -
Ad image

Со пристап до 129 земји без добивање виза, Македонија го дели 41-то место со Сaмоа и Тонга.

Во регионален контекст, Македонија е зад Грција (5), Словенија (6), Хрватска (7), Бугарија(12) и зад Србија која е на 35-то место.

Зад нас, пак, се Црна Гора (42) Босна и Херцеговина (45), Албанија (46) и  Косово (61).

Сингапур е сè уште најсилниот пасош во светот, со пристап до 193 земји без потреба од добивање виза. Овој континуитет не е резултат на еднократни политички одлуки, туку долгорочна стратегија насочена кон трговијата, дипломатијата и меѓународната отвореност, што се рефлектира во индексот низ годините.

Јужна Кореја и Јапонија кои се на втората и третата позиција, одржуваат многу високи позиции благодарение на стабилните билатерални односи и силните регионални и глобални врски, додека европските земји продолжуваат да го формираат ‘рбетот на самиот врв на рангирањето.

Дури 21 европска земја се наоѓаат помеѓу четвртото и шестото место, што потврдува дека ЕУ сè уште функционира како еден од најсилните блокови на слободата на движење во светот.

Оваа листа е базирана на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а пасошите се рангирани според бројот на дестинации што нивните носители можат да ги посетат без виза.

Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.

Сите податоци дополнително ги проверува и ажурира Хенли и Партнерс со својот истражувачки тим. На секоја дестинација ѝ се доделува еден поен ако пристапот е без виза или може да се добие по пристигнувањето. Вкупниот број на поени го одредува рангирањето, без субјективни фактори како што се економијата или безбедноста.

Податоците од индексот на пасоши Хенли, според основачите, ги користат владите и дипломатијата за следење на надворешните односи и договорите за патување, организациите за проценка на туризмот и меѓународната мобилност, медиумите и аналитичарите за да ги илустрираат глобалните трендови во поврзаноста на земјите. Тие ги користат и патниците и деловните луѓе кои сакаат да планираат меѓународни движења, како и инвеститорите и консултантите. Индексот Хенли е најчесто цитираниот глобален стандард за мерење на јачината на пасошите.

Авторите на листата нагласуваат дека не мерат стандарди, плати или квалитет на живот, туку само слобода на движење. Силата на пасошот покажува колку е поврзана една земја со светот и колку другите земји ѝ веруваат.

Во октомври, македонскиот пасош се најде на 42-то место во светот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation