Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегација, кои се во посета на Рим и на Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Како што јави известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова и делегацијата го посетија и гробот на папата Франциск.
Вечер, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.
Македонската делегација предводена од претседателката Силјановска – Давкова вчера во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, со кој чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-Гостиварски, господин Јосиф, и епископот Стобиски, господин Јаков, во придружба на повеќе свештенослужители.
На свечениот чин во базиликата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, и претставникот на Католичката црква, протојереј ставрофор отец Зоран Стојанов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
