Македонија го забрзува влезот во дигиталната ера со рекорден раст на е-трговијата

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија чекори кон вистинска дигитална револуција. Само во последниот месец преку државната Платформа за интероперабилност се реализирале над 2,6 милиони дигитални трансакции, раст од 260 проценти во однос на минатата година, што ја позиционира земјата меѓу водечките во регионот.

Овие податоци денеска ги соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на осмата Регионална конференција за е-трговија, што се одржува во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ).

– Покажуваме дека со Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 и со оваа конференција, Скопје го поставуваме на мапата на градови во регионот каде што се дискутираат најважните теми за дигитализацијата во јавната администрација, приватниот сектор и поттикнување иновации – изјави Андоновски.

Тој истакна дека Владата веќе реализира видливи резултати.

– Повеќе од 76 институции и приватни компании се „закачени“ на Платформата за интероперабилност. Првпат се вклучени и над 10 приватни компании, најмногу од банкарскиот и „финтек“ секторот. На ред се и осигурителните компании. Со оваа услуга обезбедуваме полесна, побрза и бесплатна размена на податоци – објасни министерот.

Андоновски додаде дека Владата ја поддржала иницијативата со над еден милион евра преку формирање на првиот европски дигитален иновациски хаб во земјата, центар што обединува државни институции, академијата и приватниот сектор.

– Хабот нуди лаборатории, тестирања, обуки за употреба на вештачка интелигенција и услуги за дигитална трансформација на малите и средните компании. Апелирам што повеќе компании да ги искористат овие можности – порача Андоновски.

– Да продолжиме Скопје да го поставуваме на мапата на регионалниот развој – додава тој.

Претседателката на АЕТСМ, Нина Ангеловска Станков, најави дека годинава конференцијата бележи рекорден интерес.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме над 850 регистрирани учесници, од кои повеќе од 20 проценти се од Балканот. Темата оваа година е „Fasten The Future“, а во фокусот е вештачката интелигенција која е двигател на е-трговијата – рече Ангеловска Станков.

Таа додаде дека на конференцијата учествуваат 25 говорници од над 10 земји, меѓу кои претставници од познати глобални компании.

Со ваквиот динамичен развој, Македонија полека, но сигурно го зазема своето место на дигиталната мапа на регионот, а компаниите добиваат можности што досега ги имале само во развиените европски држави.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article