Background

Македонија е шеста во светот во привлекување странски инвестиции по БДП

Македонија е шеста држава во светот во привлекување странски инвестиции по БДП, коментираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како и кога овие успеси ќе влијаат позитивно на стандардот на граѓаните.

– Ќе бидам прецизен, за да не бидам погрешно разбран. Зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал, сè уште постојат такви кои на брутален начин, лешинарски се обидуваат да дефокусираат. Многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова, ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП. Да бидеме прецизни, да не оставиме на овој тип на луѓе да го дефокусираат и ова – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека според Светската туристичка организација на ОН, Македонија е шеста дестинација која што привлекла најголем број на туристи во светот, по процентот на раст, споредено со истиот период минатата година.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа се параметри кои се добри и значајни. Дали тоа ќе се почувствува кај стандардот кај граѓаните? Јас сум убеден дека тоа се случува, можеби доаѓа споро, но во периодот што следи ќе биде уште поизразено. Имајќи предвид дека без да имаме интервенционизам, популизам и без да имаме начин на кој што порано се зголемуваше просечната плата, ние го имаме истиот раст од 11, 12 и 13 проценти, што значи дека стандардот полека, но сигурно доаѓа на свое место. Примарна наша цел беше да се консолидираме како држава, ценам дека сме во таа состојба на консолидирање и сега е времето да се почне со раст, односно да се почувствува сето она за кое што денеска зборуваме. Затоа велам, ако ние имаме раст на платите од 11, 12, 13 проценти на месечно ниво, а инфлација условно кажано во просек од 4 проценти, тогаш нето имаме зголемување од 7 проценти. Каква беше состојбата пред година ипол, две? Тогаш имавме просечна инфлација од 15, 18, 20 проценти и раст на платите кое што беше под нивото на инфлација, што значи дека стандардот беше во негатива, односно во минус, за разлика од сега, кога е во позитива – рече премиерот Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation