Background

Македонија е повторно на граѓаните, порача Мицкоски

Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area), информира премиерот Христијан Мицкоски.

„Тоа подразбира дека трансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш, без застој и без дополнителни трошоци и провизии. Истото важи и за компаниите. Имплементацијата ќе започне од Октомври месец оваа година. Нека е со среќа, напиша Мицкоски“, напиша Мицкоски.

Премиерот посочи: „Македонија е повторно ваша, на граѓаните“!

- Advertisement -
Ad image

Македонија се приклучи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Компаниите полесно ќе се приклучуваат во прекуграничната трговија со стоки и услуги, а граѓаните ќе добиваат поедноставни, побрзи и поевтини услуги при трансфери на пари во земјите од СЕПА, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил по донесувањето на Одлуката во Брисел од страна на Европскиот совет за плаќања.

„Ова е потврда на напорите што ги вложи Министерството за финансии, Народната банка и другите институции кои во изминатиот период работеа на усогласување на регулативата за приклучување на земјата во областа на СЕПА, односно единствен систем на плаќање за граѓаните и бизнисите од земјата со оние од областа на СЕПА, односно ЕУ.  За компаниите го олеснуваме вклучувањето во прекуграничната трговија со стоки и услуги во областа на СЕПА и проширувањето на нивниот бизнис и зголемување на нивната конкурентност, а за граѓаните овозможуваме поедноставни, побрзи и поевтини услуги при трансфери на пари во земјите од СЕПА, наведува министерката.

Таа додава дека за да се оствари оваа цел Министерството за финансии пристапи кон измена на Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со цел хармонизација со ЕУ регулативите.

„Компаниите и граѓаните ќе вршат трансфери како во домашниот платен промет со 38 земји кои се дел од СЕПА и ЕУ.  Резултатите пристигнуваат, не отстапуваме од зацртаната цел да изградиме напредна држава и развиена економија. Македонија ги следи светските трендови“, посочува министерката Димитриеска-Кочоска.

 

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation