Македонија е една од ретките земји со вакво партнерство со Лондон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството, и така натаму, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

– Само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, влада со влада, е привилегија, бидејќи зборуваме за една од најголемите велесили во светот и влада на држава које е една од најголемите во Европа и таа нема вакви договори со многу земји, можеби сме една од ретките. Во деновите што следат сите детали ќе бидат објавени во македонската јавност – истакна Мицкоски.

Претходно, тој и во објава на Фејсбук оцени дека ова историски ден за Македонија.

Двајцата премиери во изјавите на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и во иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

Share This Article