Background

Македонија доби пораки на солидарност по трагедијата во Кочани

Македонија доби пораки на сочувство од бројни земји во светот за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица и повредени се повеќе од 150. Соседни Бугарија, Грција, Србија и Албанија на Македонија ѝ ги понудија и своите медицински капацитети и друг вид помош за справување со последиците.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до  претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар. Тој на Инсгаграм напиша дека „понудив, во име на Србија, а претседателката на Северна Македонија прифати, да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да примиме во болниците во Србија голем број од повредените во трагедијата во Кочани“.

На крајот од објавата српскиот претседател наведува дека „Ја информирав претседателката дека Србија ќе го прогласи 18 март за Ден на жалост за трагедијата и изразив уверување дека народот на братска Северна Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувал, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде начин да закрепне“.

- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ објави дека Србија ќе испрати воени хеликоптери по повредените, за да се лекуваат на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

Пораки на сочувство пристигнаа и од премиерот и од претседателот на Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама изрази подготвеност за пружање секаква неопходна помош.

„Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Северна Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна загуба. Исто така, во име на Албанија и Албанците го пренесувам моето сочувство до премиерот Мицкоски и властите на соседната земја“, напиша Рама на социјалната мрежа Икс.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај на Икс изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите:

„Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува“.

Претходно во текот на денот сочувство и подготвеност за испраќање медицинска и друга помош изразија бугарскиот претседател Румен Радев и грчкиот претседател Кирјакос Мицотакис.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation