Background

МАКЕДОНИЈА БАРА ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМЕНАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ЕУ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Се согласувам со ставот дека треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за превозниците, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Тој на  седницата за опозициски прашања рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави дека по седницата, ќе има состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на оваа тема.

– Се надевам дека еден заеднички притисок ќе даде резултат. Исто така, на вчерашната седница на Владата го задолживме Министерството за надворешни работи и надворешна трговија повторно да се обрати до ЕУ со барање да се одложат овие правила, така што се надевам дека овој проблем ќе се реши затоа што е огромен и затоа што претставува сериозен удар врз економиите од целиот регион на Западен Балкан – рече Николоски.

Тој посочи дека за ова со Европската Унија се разговара повеќе од една година, но рече и оти не наидуваат на разбирање.

– Ќе им пренесам дека ова што го прават практично ќе значи смрт за економијата во регионот, но исто така ќе значи и затворање многубројни странски инвестиции, кои функционираат во регионот, а доаѓаат токму од земји членки на ЕУ. Намерно користам збор од регионот затоа што ова се однесува за целиот Западен Балкан, не е само за Македонија – рече Николоски.

Николоски рече дека не се согласува со  формалниот одговор кој го даде портпаролот на Европската комисија.

– Тој рече дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега.  Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи  бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат – рече Николоски.

Тој рече дека транспортерите не може да извадат работни визи и затоа што немаат еден работодавач во конкретна држава земја членка на шенген-зоната и на тој начин е невозможно да извадат работна виза од превозниците и само транзитираат во шенген-зоната за да стигнат до Велика Британија. Има многубројни проблеми што се отвораат.

-Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50% царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линеарни политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава- додаде вицепремиерот Николоски.

Одговарајќи на прашањето на пратеникот од опозицијата Митко Трајчулески, Николоски рече дека вчера разговарал со претставници на повеќе сектори и бизниси во Македонија и оти тоа не само што ќе влијае на директните работни места што ќе се затворат туку исто така ќе влијае и на компаниите, односно основните стапки во нивното работење.

Николоски рече дека јавноста треба да има претстава оти имаме многу серозни предизвици како регион, кои силно ќе удрат врз економијата.

Здруженијата на превозниците од регионот за 26 јануари  најавија блокада на граничните премини кон Европската унија со цел да потсетат дека проблемот треба да се реши.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation