Санела С. и нејзината ќерка Марија.С. Тие синоќа изгореа до смрт во пожар што избувна во нивниот автомобил по сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила во Мала Босна кај Суботица синоќа во 19 часот и 20 минути.
Сообраќајната несреќа се случила кога Ј.Т. (52) управувајќи патничко возило „Пасат“, поради непрописна брзина, изгубил контрола над возилото и престигнал „фиат панда“ што се движела пред него и удрил во неа. По судирот двете возила се превртеле на покривот, а Фиатот се запалил.
Две лица од Фиатот починале на местото на настанот, додека Ј.Т. и неговиот сопатник од пасатот се пренесени во болницата во Суботица каде им се констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
Утврдено е и дека Ј.Т го управувал Пасатот со содржина на алкохол во крвта од 2,07 промили и по наредба на надлежен јавен обвинител во Суботица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
Tagged as:
Мајка и ќерка загинаа во Мала Босна: Пијан возач удрил во нив
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
