Магла има на патот за Попова Шапка и на преминот Пресека

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Аавтомото сојузот.

На граничниот премин „Табановце”, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути, додека пак на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец од с.Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на планинскиот премин Пресека.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share This Article