Background

Магичен завршеток на летната сезона во авто камп Љубаништа

Вечерва сите патишта водат кон авто камп Љубаништа, каде што се спојуваат магијата на Охридското езеро прегрнато од падините на планината Галичица.

Оваа година традиционално по шеснаести пат се одржува завршната камперска вечер во организација на управата на кампот и старите кампери, кои шеснаесет години наназад се идејни творци и креатори на камперската магија што секоја година ги собира љубителите на природата и традицијата на брегот на најубавото македонско езеро.

Богата програма за незаборавна вечер

За магијата да биде поголема ќе се погрижат познатите македонски музичари Жармена, Владо Броз и ДЏ Марама, кои со својата музика ќе ја надополнат волшебната атмосфера на охридската ноќ. Посетителите можат да очекуваат автентичен македонски фолклор, современи интерпретации и песни што ги знае секој.

- Advertisement -
Ad image

Организаторите се погрижија и за шеснаесетиот велелепен огномет кој традиционално ќе се испалува директно од водите на Охридското езеро, создавајќи спектакуларна игра на светлина и боја која се рефлектира на мирната површина на древното езеро.

Традиционално ноќно капење под ѕвездите

Кулминацијата на вечерта ќе настапи токму на полноќ, кога ќе се одржи традиционалното ноќно капење и испалување на сигнални ракети од езерото, сѐ тоа во придружба на емотивната охридска староградска песна “Лихнида кајче веслаше” – химна која веќе шеснаесет години го означува крајот на уште една успешна камперска сезона.

Овој ритуал претставува симболичко збогување со летото и израз на благодарност кон езерото и природата што цела сезона ги дочекуваа гостите со отворени раце.

Крај на уште една успешна сезона

Со овој настан официјaлно завршува летната туристичка сезона за 2025 година во авто кампот Љубаништа, која и оваа година беше обележана со голем број посетители од земјата и странство, кои дојдоа да ја доживеат единствената атмосфера на овој камп што се наоѓа на најубавата локација на Охридското езеро.

Авто камп Љубаништа, сместен во подножјето на Националниот парк Галичица, веќе декади претставува омилена дестинација за семејства, младите и сите оние што сакаат да ја комбинираат убавината на природата со удобностите на современото кампување.

Настанот започнува во 20:00 часот и влезот е слободен за сите посетители. Препорачуваме да дојдете навреме за да обезбедите место со најубав поглед кон огнометот од езерото и камперската магија.

Редакција Охридскај

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation