Солзите на асистентот на ПСЖ Рафаел Пол по маестралната победа на тимот во Лигата на шампионите го обиколија интернетот. Пол ја доби поддршката на социјалните мрежи за неговите искрени солзи кои значеа радост поради победата на тимот, но и тага поради фактот што неговата сопруга која ја загуби во ноември не беше покрај него за да прослават.
Прекрасната Ракел почина по долга и неизлечива болест. Никој не плачеше на „Алијанц Арена“ во Минхен како 38-годишникот.
Камерите го уловија Пол, откако претходно во фокусот беше тренерот Луис Енрике со својата емотивна посвета на победата за покојната ќерка Хана.
Победата на ПСЖ над Интер со 5:0 во светот на спортот е и историска „петарда“, такво нешто не се случило во ЛШ од 1962 година.
Мечот го обележа најмладиот играч на ПСЖ, Дезире Дуе со два гола и една аситенција. Ова е прва титула за ПСЖ и второ финале во ЛШ за тимот.
Дека на Интер лошо му се пишува беше јасно по само 20 минути игра. Двапати лошо реагираше Димарко, им овозможи на Хакими, а потоа и на Дуе да го совладаат Сомер. Интер имаше шанса во 36.минута, но Тирам од пет метри со глава биеше крај голот.
Финалето практично беше решено во 64.минута кога Дуе со својот втор гол зголеми на 3:0. Девет минути подоцна Кварацхелија четврти пат го совлада Сомер, а точка на натпреварот стави Мају, кој на теренот влезе во 84. а голот го постигна во 87.минута.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике му се придружи на Пеп Гвардиола како единствен тренер кој успеал два пати да ја освои тројната круна.