Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека Минск нема никаква врска со дроновите кои прелетуваа над Полска и Литванија.
Тој додаде дека Белорусија не се жали кога над нејзина територија прелетуваат дронови од Украина, Русија, преку Полска и Литванија, туку „реагира мирно, во согласност со соодветните линии“.
– Ги соборуваме и тоа е тоа. Неколку од нив не можевме да погодиме. Потрошивме многу пари за да ги уништиме дроновите кои не летаа кон нас, туку летаа кон Полска – посочи Лукашенко.
Тој минатата недела изјави дека белоруските противвоздушни системи собориле дронови кои летале кон Полска.
Полска на 10 септември соопшти дека соборила најмалку 19 дронови кои навлегле во нејзиниот воздушен простор од Белорусија.
Премиерот на Полска, Доналд Туск синоќа изјави дека безбедносните служби неутрализирале беспилотно летало кое леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца државјани на Белорусија се уапсени.
Литванија вчера најави дека ќе истражува дали руските дронови навлегле во нејзиниот нарушиле воздушниот простор, кога беспилотните летала надлетуваа над Полска.