Шпанскиот јутјубер Делантеро09, чие вистинско име е Хесус, го беше домаќин на Лука Модриќ во неделата кога хрватскиот репрезентативец се збогува со навивачите на Реал Мадрид по дванаесет години играње за клубот. Во опуштено интервју, Модриќ зборуваше за фудбалот, музиката и личните интереси, откривајќи малку за себе надвор од спортскиот терен.
„Слушам хрватски песни“
Кога разговорот се сврте кон темата за музика, Модриќ не се двоумеше да сподели кои музичари моментално ги слуша најчесто: „Слушам хрватски песни. Ќе ги набројам уметниците што ги слушам во последно време.“ Меѓу фаворитите беше Марко Перковиќ Томпсон. Покрај него, тој додаде: „Навистина ми се допаѓа една група, се вика Црвена јабука“, пренесува Index.hr.
Погледнете го моментот од 1:20 минута во видеото.