„Лош вкус, лоша услуга, лоши цени, сè е лошо“, ова се, отприлика, причините за затворањето на популарниот ресторан на славниот британски готвач Гордон Ремзи.
Ресторанот „Стрит бургер“ (Street Burger) на улицата Кенсингтон хај стрит во Лондон, кој беше дел од синџирот на познатиот готвач Гордон Ремзи, сега е затворен.
Клиентите почнале да оставаат негативни критики, а некои дури побарале Гордон Ремзи лично да дојде и да ги реши проблемите. Некој го повикал Ремзи „да се вразуми и да го поправи ресторанот бидејќи најчесто е празен“.
„Отидов да јадам плескавица (бургер) со внука ми. Имавме две обични плескавици со помфрит, плативме по 18 фунти (околу 22 евра). Тоа е премногу”, напишал еден незадоволен гостин.
Луѓето се жалеле на „лош вкус, лоша услуга, лоши цени и лошо сè“, а ресторанот моментално има само 3,5 ѕвезди на ТрипАдвајзор.
Од вкупно 226 критики, 76 го опишале ресторанот како „лош“ или „страшен“.
Ресторанот во западен Лондон сега е затворен, со знаци на прозорците кои сугерираат дека ќе го замени ресторанот „Бургер и Лобстер“.