Припадници на племето Бахтијари во иранската покраина Хузестан се вооружиле и се упатиле кон планинските области во потрага по исчезнат пилот на американски борбен авион F-15 Eagle. Снимка што се прошири на социјалните мрежи прикажува група мажи со пушки како тргнуваат во потрага, објави IRIB News.
Во пораката објавена заедно со видеото, тие изразиле уверување дека ќе го пронајдат пилотот, порачувајќи: „Не грижете се, ќе го пронајдеме“.
Во меѓувреме, државната телевизија во покраината Кохгилује и Бојер-Ахмад ги повика граѓаните да се вклучат во потрагата, наведувајќи дека оној што ќе го фати пилотот жив и ќе го предаде на властите ќе добие парична награда. Според извештаите, првично се појавиле и повици пилотот да биде убиен, но тие пораки подоцна биле повлечени и официјално било побарано негово апсење.
Информациите засега не се независно потврдени, а САД не се огласиле официјално.
Според извештаи на меѓународни медиуми, над Иран бил соборен американски Ф-15, што би бил прв потврден случај иранските сили да урнат американско летало од почетокот на конфликтот. Во тек е операција за пребарување и спасување, а според дел од наводите, еден член од екипажот е пронајден, но без официјална потврда.
На социјалните мрежи се појавија и снимки за кои се тврди дека прикажуваат ирански полицајци како пукаат кон американски спасувачки хеликоптери HH-60G Pave Hawk за време на операција за пребарување и спасување на југот на Иран. Овие хеликоптери се користат за извлекување на екипажи во борбени услови.
Засега сите информации доаѓаат од медиумски и социјални извори и не се официјално потврдени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
