Background

Лондон пред неколку дена станал местото каде, според „Вашингтон Пост“, западните лидери конечно ги обелодениле првите контури на можниот мир во Украина

Лондон пред неколку дена станал местото каде, според „Вашингтон Пост“, западните лидери конечно ги обелодениле првите контури на можниот мир во Украина. Зад затворени врати, претседателот на Украина Володимир Зеленски, на 8 декември разговараше со лидерите на Британија, Франција и Германија за план што треба да стави крај на војната, а да ја зачува државноста на Украина.

Планот, велат дипломатски извори, е изграден на 7 клучни точки. Американскиот претседател Доналд Трамп наводно стои зад најконтроверзниот дел: идејата дека Украина може да добие мир без да ја порази Русија, но и без да ѝ се потчини.

Во Вашингтон, новата Стратегија за национална безбедност отвори лавина реакции: документот сугерира дека Америка треба да биде „подеднакво дистанцирана“ и од Европа и од Русија. Европските престолнини реагираа остро, стравувајќи дека се подготвува нова рамнотежа во која Украина би платила највисока цена.

- Advertisement -
Ad image

Иако се чини дека мирот е блиску, критичарите предупредуваат дека Трамп ја третира Европа како пазар, а не како сојузник.

– Нема морална симетрија меѓу нападнат и агресор – коментирал еден европски дипломат во изјава за „Вашингтон Пост“.

Мировниот пакет наводно се состои од три столба: Мировен план, Безбедносни гаранции, План за економско обновување.

Украинските и американските преговарачи веќе ја формулирале основната рамка:

Брз влез во ЕУ (2027) – и покрај отпорот на Будимпешта, Киев верува дека политичката волја на Западот може да ја совлада унгарската блокада.

Американски безбедносен штит – Договор сличен на член 5 од НАТО, со обврска за автоматска реакција во случај на нова руска агресија.

Заштитен суверенитет – Русија би го изгубила правото на „висок вето“, додека Украина би ја задржала војската со околу 800.000 војници.

Демилитаризирана зона – Долж линијата од Донецк до Херсон, со меѓународен надзор по моделот на Кореја.

Територијални отстапки – Најтешката точка за Украина. Се разгледува „креативен компромис“ според кој Украина не би го признала губитокот, но би се воздржала од обид за враќање на одредени региони.

Нуклеарната централа во Запорожје под американски надзор – Идеја која Киев ја гледа како гаранција дека Москва повеќе нема да се приближи кон централна Украина.

Економска обнова преку западен капитал – Повеќе од 400 милијарди долари инвестиции, дел преку замрзнатата руска имотнина, дел преку американски фондови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation