Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 4°C, а максималната од 9 до 16°C.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе се движи од 1 до 13 степени.
В четврток нѐ очекува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 степени до 17 степени.
Метеоролозите за во петок најавуваат дека ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 степени до 16 степени.



























