На 05.12.2025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Спиро Топалоски – Топал(46) од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички го нападнал Г.Т., по што, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, предизвикал вербална расправија со О.П., двајцата од Охрид. Во текот на службените разговори во СВР Охрид, С.Т. кон полициските службеници, упатувал навреди и закани. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Спиро Топалоски – Топал беше главен медиумски лик кога во физичка пресметка во хотел во Охрид со Нефи Усеини глумеше жртва за покасно во Обвинителство да даде изменета изјава дека немало напади и дека Усеини биле како браќа. Спиро Топалоски – Топал пред два месеци пријавен е во Полициска станица од страна на вработени од општина Охрид заради загрозување на сигурноста на вработените во Општина Охрид. Се поставува прашањето до кога судските и обвинителските власти ќе дозволат дивеење и малтретирање на граѓани на Охрид.

























