Лишен од слобода e возач вработен во ЈЗУ Здравствен дом Берово, кај кого е пронајдена дрога, соопшти полицијата.
На 14.08.2025 околу 22 часот на улицата Браќа Миладинови во Виница полициски службеници од Виница во координација со колегите од Берово, го лишиле од слобода Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него се пронајдени марихуана и ризла.
По претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Здравствен дом Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата.
Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода. По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.