Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски не е дел од плановите на клубот Валенсија за наредната сезона, пишуваат шпанските медиуми. Според написите, клубот од „Местаља“ ангажира нов голман.
Иако се очекуваше Димитриевски да стане прв голман по заминувањето на Мамардашвили, новиот тренер на „лилјаците“ се одлучи во клубот да го ангажира Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој да биде прва опција на голот.
Пред да замине во Валенсија, Македонецот беше стандарден на голот на Рајо Ваљекано.
Актуелниот договор на Димитриевски е со важност до летото 2026 година.