Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
– Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција.
Николоски е убеден дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник, со оглед на тоа што води во однос 3:1.
Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, Николоски потсети дека „ние сме партнери со САД и со НАТО“ и оти тоа е една од причините зошто напредуваме.
Николоски ја потенцираше, како што рече, убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во бастионот на СДСМ – Струмица и посочи дека оставката од Филипче треба да следува како морален чин.
Николоски смета дека во вториот изборен круг во општина Карпош граѓаните нема да гласаат за Стевчо Јакимовски, кој е противкандидат на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ и ДУИ во наредниот период ќе се занимаваат сами со себе, оцени Николоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
