Лидерот на босанските Срби бара помош од САД

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
U.S. President Donald Trump listens to remarks during a swearing-in ceremony for Administrator of the Centers for Medicare and Medicaid Services Mehmet Oz in the Oval Office in Washington, D.C., U.S., April 18, 2025. REUTERS/Nathan Howard
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, изјави денеска дека постојат обиди да се отстрани од политичката сцена бидејќи, според него, претставува пречка за интересите на западните земји, пред сѐ Германија, кои, тврди тој, се обидуваат да го преземат контрола врз минералното богатство на Босна и Херцеговина.

Токму затоа, како што рече, му понудил на претседателот на САД, Доналд Трамп, партнерство во експлоатација на овие ресурси – под услов да му се гарантира неговото политичко опстанување и т.н. „суверенитет на Република Српска“, објави хрватски Индекс.

Додик ги изнесе овие тврдења на вонредна седница на парламентот на Република Српска, која ја свика за, како што рече, да ги објасни „позадинските игри“ на кризата во БиХ. Според него, високиот претставник Кристијан Шмит ја злоупотребува својата функција за да овозможи „запленување на минералните богатства“ на државата, нарекувајќи го „агент за недвижности“.

Додик рече дека понудил соработка со САД, во партнерство со Унгарија, Србија, Русија, ЕУ и со Кина, за истражување и за развој на минерални наоѓалишта, но само ако се гарантираат правата на РС.

– Во тој случај, ние сме ваши партнери во овој бизнис – изјави тој, иако веќе е под санкции на САД од 2017 година.

Опозицијата не присуствуваше на неговиот говор – седницата ја бојкотираа пратениците што не се дел од неговата владејачка коалиција, а Додик се обрати до своите приврзаници, до домашната јавност и до „пријателите низ целиот свет – од Вашингтон, Москва до Пекинг“.

Во обраќањето, тој го бранеше Дејтонскиот договор, нарекувајќи го рационален основ за функционирање на БиХ како држава составена од два ентитета и од три конститутивни народи. Според него, РС доследно го почитува Дејтон, додека, пак, како што тврдеше, бошњачката страна упорно настојува на унитарен концепт што, според него, бил една од причините за војната.

– Ние сме тие што го почитуваат Дејтон и го бранат мирот – рече Додик, опишувајќи ја БиХ како „федерално-конфедерална унија“.

Тој повика на директни разговори меѓу РС и Федерацијата за враќање кон основите на Дејтон, со можност да се постигне „моделиран Дејтон“.

- Advertisement -
Ad image

Тој тврди дека не се залага за сецесија, туку за дијалог и за ревизија на изворниот договор, но додаде дека одбивањето дијалог од другата страна ја турка РС кон отцепување.

Во обраќањето, Додик исто така го пофали Доналд Трамп за неговата надворешна политика, односно за најавите дека САД нема да се мешаат во внатрешните прашања на други држави.

– Затоа Америка денес е повторно голема – изјави тој.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article