Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Не му пречеше Мицкоски додека беше во Владата. Напротив, тогаш зборуваше за неговата искреност, капацитет и посветеност. Но, одеднаш, кога го притиснаа со некои папки и му дојдоа некои потсетници, реши дека полесно е да се стави во службата на ДУИ и да стане нивен гласноговорник. Иако не го поддржуваме неговото однесување, можеме да го разбереме: кога еднаш ќе си дозволиш да бидеш фатен, тогаш мораш да ја играш туѓата игра. Како и некои функционери на СДСМ и градоначалничката на Скопје, сега и Таравари е ставен во непријатниот скут на Ахмети, ама очигледно, кога ќе се намести убаво, скутот не му пречи. На крај, воопшто нема да нѐ изненади ако Таравари реши да се преименува во Али, само за да му покаже на својот нов газда колку добро е дисциплиниран. Но, виновникот не е Ахмети, туку самиот Таравари, кој од човек со кредибилитет стана симбол за политичко понижување. Народот гледа сè. А на крајот, секој ќе си го добие заслуженото.