Лидерите се обединија против високите царини на САД

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa12032456 Chinese President Xi Jinping looks on the day he lays a wreath at the Ho Chi Minh Mausoleum during his visit to Hanoi, Vietnam, 15 April 2025. The Chinese president is on a state visit to Vietnam from 14 to 15 April 2025. EPA-EFE/Athit Perawongmetha / POOL
- Advertisement -
Ad image

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди во пристанишниот град Тјенџин, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга претставуваат развојни прилики, а не закани.

– „Танцот на змејот и слонот“, односно постигнувањето добрососедски пријателски и партнерски односи меѓу двете најнаселени земји во светот, треба да биде вистинскиот избор и за Кина и за Индија – истакна Си, потсетувајќи дека минатогодишниот самит на БРИКС во Казан го означи повторното лансирање на билатералните односи, со постојан напредок во размената и соработката.

Кинескиот лидер нагласи дека 2025 година се одбележува 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Индија, при што ги повика двете земји да ја зајакнат стратешката комуникација, да ја продлабочат меѓусебната доверба и да ги управуваат односите од долгорочна и стратешка перспектива.

– Сè додека останеме посветени на сеопфатниот принцип да бидеме партнери, а не соперници, и да си обезбедиме едни на други можности за развој, односите меѓу Кина и Индија ќе цветаат и ќе бележат постојан напредок – рече Си, додавајќи дека размената и соработката треба да се продлабочат со цел постигнување на меѓусебна корист и корисни резултати.

Индискиот премиер Нарендра Моди, кој пристигна во Тјенџин за да присуствува на дводневниот самит на Шангајската организација за соработка (ШОС), потенцираше дека „се посветени на унапредување на нивните односи врз основа на меѓусебно почитување, доверба и разбирање“, пренесува официјалниот профил на Моди на X.

До билатералната средба доаѓа само пет дена по воведувањето казнени тарифи од 50% од страна на САД на индиската стока поради купувањата на руска нафта. Аналитичарите сметаат дека Си и Моди сакаат да претстават обединет фронт против западниот притисок.

Моди истакна дека е создадена атмосфера на „мир и стабилност“ на спорната хималајска граница, каде во 2020 година беа регистрирани смртоносни судири меѓу војниците.

Двајцата лидери постигнале договор за управување со границите, без да ги откријат деталите, продолжувајќи ги ефектите од минатогодишниот договор за гранични патроли.

Дополнително, Кина го укина ограничувањето за извоз на ретки минерали, ѓубрива и машини за дупчење тунели за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи на Индија, додека амбасадорот на Кина во Индија истакна дека Пекинг „ќе застане цврсто на страната на Индија“ во однос на високите царини на САД.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот Си додаде дека Кина и Индија треба да покажат историска одговорност, да го поддржат мултилатерализмот, да ја зајакнат комуникацијата и соработката по важни меѓународни и регионални прашања, како и да го промовираат мирот и просперитетот во Азија и во светот.

Во последните месеци, двете земји ги олеснија туристичките визи и им дозволија на индиските аџии да ги посетуваат будистичките свети места во Тибет, продолжувајќи ги директните летови кои беа суспендирани во 2020 година.

Share This Article