Background

Левица бара намалување на цените на патарините за 50%

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ денес на прес-конференција соопшти дека пратеничката група на Левица поднела предлог за измена и дополнување на Законот за јавните патишта со цел намалување на патарините за 50% и сведување на оваа тема на законска материја:

– Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери. Само во 2023 година државата наплатила 62 милиони евра од патарини, со што Македонија е меѓу земјите со најскапи патарини во регионот и на континентот. Со просечна цела од приближно 2,6 денари од изминат километар, со патничко возило од Б – категорија. За илустрација, еден штипјанец доколку работи во Скопје на годишно ниво плаќа 1.200 евра додека кај еден Австриец на годишно ниво плаќа 100 евра за користење на сите автопатишта во неговата држава – истакна пратеникот Мециновиќ.

Затоа, Левица поднесува изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, со што предвидуваме две клучни измени:

- Advertisement -
Ad image

– Првата измена е патарините да се намалат за 50% – со овој Закон, износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила и

– Втората клучна измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата, за првпат ќе бидат регулирани со Закон, наместо со Правилник на Владата, затоа што сега, оваа материја се регулира со Правилник на Владата, а не со Закон.

– Сметаме дека ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините, затоа што досега власта можеше кога ќе посака да ги зголемува патарините без никаква контрола. Зошто е ова важно? Додека Министерствата се преполни со криминални шеми на делење на милионски тендери, народот е оставен да плаќа за нивните глупости. Го повикуваме Собранието веднаш да го усвои овој Закон, а за јавноста посочуваме дека од позиција на одлучување, Левица би вовела вињета систем за нашите патарини – заклучи Мециновиќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation