Американскиот филмски режисер Франсис Форд Копола завршил во болница во Рим, објавија италијанските медиуми.
Славниот американски режисер на култните филмови „Кум“ и „Апокалипса денес“ бил хоспитализиран во Рим во вторникот, објави агенцијата АНСА, наведувајќи дека 86-годишниот Копола бил примен во поликлиниката „Тор Вергата“ во италијанската престолнина.
Според извештаите, режисерот бил примен во болница во Рим вчера за планирана операција на срце, но по пристигнувањето наводно доживеал блага срцева аритмија, поради што бил ставен на набљудување пред операцијата.
Режисерот на „Кум“, кој има 86 години, бил во таа земја по повод фестивалот „Магна Греција“ во Калабрија, каде што го претставил својот контроверзен филм „Мегалополис“, во кој глумат Адам Драјвер, Обри Плаза, Шиа Лабаф и Џанкарло Еспозито, пишуваски британ „Мирор“.
Легендарниот режисер има блиски врски со Италија, бидејќи неговиот дедо Агостино емигрирал од Берналда на почетокот на 1900-тите. Во 1989 година, Френсис станал почесен граѓанин на тој град, каде што често престојува.
Според агенцијата АНСА, тој го поминал поголемиот дел од летото во Италија барајќи локации за новиот филм, чие снимање треба да започне на есен.
Порано овој месец, Копола учествувал на настан во Сан Франциско, каде што одржал настан со прашања и одговори со публиката по проекцијата на „Мегалополис“.
Тимот на Френсис Форд Копола сè уште не одговорил на повик за коментар откако бил контактиран од „Мирор“.