Топ Вести - Слушај сега
Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија.
По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија. Тој се осврна и на отсуството на двајцата искусни ракометари Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во записникот на дуелот со Данска.
– Причината за нивното отсуство се ситни повреди и во разговор со играчите и медицинските лица и стручниот штаб е донесена одлука да не настапат. Да беа здрави сигурно ќе играа, тие имаат добра сезона и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија – изјави Лазаров.
Нашиот следен ривал шампионатот го почна со победа над Романија со 40:34 во натпревар во кој во целиот тек имаа водство. Натпреварот на македонските и португалските ракометари се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
