Лавров: Судирите ќе завршат кога на Москва ќе и одговара мировниот договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија е подготвена да преговара за војната во Украина, но ќе престане да се бори само кога на Москва и одговара мировен договор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Анкара по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, сепак, се залагаше за вклучување на Украина во разговорите.

„Ќе ги прекинеме непријателствата само кога овие преговори ќе донесат солиден и траен резултат што и одговара на Руската Федерација“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција со неговиот турски колега Хакан Фидан, пренесува француската новинска агенција АФП.Фидан, пак, ја поддржа американската иницијатива за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија. Тој нагласи дека во разговорите треба да се вклучат и двете конфликтни страни. „Ние и придаваме големо значење на новата американска иницијатива, бидејќи е пристап ориентиран кон резултати. „Ние веруваме дека решението може да се постигне преку преговори во кои ќе бидат вклучени двете страни“, додаде тој.

Денеска се навршуваат три години од почетокот на руската инвазија на Украина. Војната однесе огромен број жртви и предизвика хуманитарна криза. Со промената на власта во САД се интензивираа и напорите за завршување на војната, а поради новата американска реторика, Украина е загрижена дека ќе биде исклучена од преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да започне мировни преговори во разговор со неговиот руски колега Владимир Путин кон средината на месецот. Во последните денови, тој исто така остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „неизбран диктатор“.

Share This Article