Background

Лавров има проблем со слоганот на Трамп

Со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, САД преминаа кон концептот „Америка на прво место“, што носи загрижувачка сличност со слоганот „Германија на прво место“ од времето на Хитлер, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во статија за списанието „Русија во глобалната политика“.

– Преминот кон концептот ‘Америка на прво место’ има алармантна сличност со слоганот од Хитлеровото време ‘Германија на прво место’. Играњето на картата на ‘воспоставување мир преку сила’ може целосно да ја уништи дипломатијата. Дополнително, во таквите изјави и идеолошки конструкции нема ни трага од почитување на меѓународно-правните обврски на Вашингтон согласно Повелбата на Обединетите Нации – истакнува Лавров.

Според него, со враќањето на републиканската администрација на чело на САД со Трамп, американската интерпретација на меѓународните односи по Втората светска војна добила нова димензија.

- Advertisement -
Ad image

– Во тој контекст, значајна изјава даде новиот државен секретар Марко Рубио во Сенатот на 15 јануари, нагласувајќи дека поствоениот светски поредок не само што е застарен, туку е претворен во оружје што се користи против интересите на САД. Значи, сега не само што е непожелен системот Јалта-Потсдам со централна улога на ОН, туку и „поредокот заснован на правила“ кој се чини дека е олицетворение на егоизмот и ароганцијата на Западот на чело со Вашингтон во оваа ера после Студената војна – заклучи Лавров.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи изјави дека Западот никогаш не го почитувал принципот на суверена еднаквост на државите предвиден во Повелбата на ОН.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation