Background

Лав Четиринаесетти и Синер имаа што да си кажат

Папата Лав Четиринаесетти го прими светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, кој неделава се натпреварува на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим, објави денеска Канцеларијата за односи со јавноста на Ватикан.

„Страста на Папата кон тенисот е добро позната“, наведе Прес-службата на Ватикан, додавајќи дека Синер бил придружуван од членови на неговото семејство, а на средбата присуствувал и претседателот на италијанската тениска Федерација, Анџело Бинаги.

Новиот папа, кој е на 69 годишна возраст и самиот е тенисер. Според италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело Спорт“, тој има „одличен бекхенд и е сериозен натпреварувач“.

- Advertisement -
Ad image

Во интервју еден ден откако стана кардинал во 2023 година, на веб-страницата на августинците, монашката заедница на која припаѓа, Лав Четиринаесетти рече: Се сметам за аматерски тенисер. Откако го напуштив Перу, имав малку можности да играм, но едвај чекам да се вратам на теренот“.

Пред неколку дена, папата Лав Четиринаесетти на средба со новинари беше запрашан за негово можно учество на хуманитарен тениски турнир, на кој би настапил и легендарниот американски тенисер Андре Агаси.

– Само немојте да го повикате Синер – одговори на шега папата, алудирајќи на доминацијата на Италијанецот на АТП листата, како и на значењето на неговото презиме на англиски јазик (грешник).

Синер од минатата сезона е тенисер број еден во светот, освојувајќи досега во кариерата осум титули, вклучувајќи и титули на Австралија Опен, Ју Ес Опен и финалето на АТП во Торино, како и Дејвис Купот со Италија две години по ред.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation