Лара Чолиќ, помладата ќерка на Здравко Чолиќ, која јавноста немаше можност да ја види до неодамна, се најде во медиумите поради нејзината врска со Андрија, синот на сопственикот и основачот на најголемиот синџир на теретани на Балканот.
Двајцата не ги криеја своите емоции – заеднички фотографии и романтични моменти редовно се појавуваа на социјалните мрежи, а поддршка имаа и од своите семејства.
Меѓутоа, по неколку месеци љубов, Лара и Андрија одлучиле да тргнат по различни патишта. Како што пишуваат српските медиуми, раскинувањето поминало без драма, а двајцата заклучиле дека е вистинско време да се фокусираат на личниот развој.
Лара сега ужива во дружењето и излегувањето со пријателите, додека Андрија се повлекол во деловните води и посветува повеќе време на семејниот бизнис.
Да потсетиме, нивната врска стана тема на медиумите кон крајот на минатата година, кога вљубени до уши присуствуваа на концерт на позната поп-ѕвезда, без да ги кријат своите емоции – се прегрнуваа и бакнуваа пред публиката како да се сами во салата.
– На Чола му се допаѓа изборот на Лара и целосно ја поддржува. И нејзината мајка Александра и нејзината постара сестра Уна се воодушевени од Андрија и од начинот на кој тој се однесува кон Лара. Здравко долго го познава и таткото на момчето на својата помлада ќерка, знае колку се вредни и добри луѓе, а истото важи и за семејството на Андрија. Инаку, пред него, Лара речиси една година беше во врска со едно момче, но таа љубов заврши на крајот од 2023 година. Во меѓувреме, таа беше сама, а потоа по неколку месеци го запозна Андрија и оттогаш буквално се неразделни – изјавил извор за српските медиуми во тоа време, но и на оваа љубов ѝ дошол крајот.