Топ Вести - Слушај сега
Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637.471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претходните години, додека проценките за вкупно создаден комунален отпад се 790.866 тони, што е намалување во однос на претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Целокупното количество на собран комунален отпад се фрла на депонија.
Според ДЗС, секој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад.
Најголем дел од отпадот, околу 84 проценти, доаѓа од домаќинствата, додека преостанатите 16 проценти се од комерцијални активности. Регионално, најголем товар носи Скопскиот Регион со речиси една третина од вкупно собраниот отпад.
Лани, пак, според податоците на Министерството за животна средина се собрани 80.575 тони отпад од пакување., но рециклирани биле 65% од тој отпад или 52.605 тони. Притоа целосно бил рециклиран само отпадот од пакувања од хартија и картон (105%). Од другиот отпад од пакување најголем процент 80% е рециклиран отпадот од метал, стакло (54,6%), пластика (38,9%) и дрво (38,8%).
Во апсолутни бројки, најмногу се рециклиран отпад од хартија и картон (29.614 тони), потоа пластика (8.979 тони), стакло (7.570 тони), дрво (3.416 тони) и метал (3.026 тони).
Трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесувале 169,4 милиони евра, додека од даноци поврзани со животна средина во 2023 година биле собрани 196,7 милиони евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖