Лани 27,0% од населението на ЕУ на возраст од 16 години или повеќе не можеле да си дозволат 1 недела годишен одмор далеку од дома, покажуваат податоците на Евростат.
Овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал (за 10,6 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2014 година.
Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), Грција (46,0%) и Бугарија (41,4%).
Спротивно на тоа, 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома во 2024 година.
