Обожавателите на Ла Тоја Џексон изразија поголема загриженост за пејачката откако таа објави монтажа од слики на кои се гледа нејзината слаба фигура.
69-годишната Џексон сподели на Инстаграм фотографии од себеси, во црвен топ со долги ракави, црни панталони и златни потпетици со шпицест врв. Таа носи и дебел ремен со синџир и нараквица преку десниот зглоб.
Нејзината слаба фигура беше особено е забележлива кога се врти во профил.
Таа напиша на објавата: Среќен понеделник момци! Ви посакувам на сите прекрасна недела! Останете безбедни, здрави и многу љубов за сите вас!
Додека многу обожаватели дадоа негативни коментари за нејзината тежина, други ја бранеа Џексон, забележувајќи дека таа е природно „ситна“.
– Ла Тоја отсекогаш била ситна и нормално е да се губи мускулна маса како што старееш – напиша еден обожавател. Шегите што некои од вас ги правите се навистина непотребни и груби.
– Ве молам, не бидете нељубезни, мислам дека Ла Тоја има некои здравствени проблеми – забележа друг обожавател.
Минатиот месец, Ла Тоја сподели видео од лекарска ординација, иако не откри зошто бара медицинска помош.
– Здраво луѓе, се надевам дека сите сте добро. Повторно сум кај докторот, па се надевам дека сè ќе помине добро, сите резултати се добри. Ви испраќам љубов и светлина на сите! Ве молам, останете безбедни и, секако, најмногу од сè здрави! – напиша таа во описот на својата објава.




























