Топ Вести - Слушај сега
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!
Политиките на Мицкоски може да се опишат само со еден збор: ЛАГА!
Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема да изговори Северна.
Излажа.
Јавно кажа дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка.
И затоа излажа.
Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“.
Уште една лага.
Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“.
Излажа.
Ветуваше поголеми плати и подобар живот за граѓаните.
Сè е лага до лага.
Зборовите на Мицкоски не значат ништо.
Како што лажете за името, сега лаже и за ЕУ!
Неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“ пропадна.
Христијан Мицкоски многу лаже.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и испрати јасна порака во името на ЕУ – нема место за тројански коњи.
За жал, Македонија денес има токму таков пример со ВМРО, со нивниот вицепремиер кој има средби со „Ноќните волци“ на Путин, со врските со Москва, со нивната сестринска партија СНС и со кинеските пари.
Европа не прифаќа тројански коњи во своите редови.
Граѓаните знаат: европската перспектива на државата е реална и достижна, но Мицкоски ја турка Македонија во изолација.
Само лаже дека сака членство во ЕУ, не сака во Европа, сака изолација за да продолжат криминалните тендери.
Сè кај Мицкоски е лага.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=hq73wFCOWrw
Tagged as:
како што лажеше за името Кузеска: Мицкоски лаже сега лаже и за ЕУ!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
