Кривична пријава за поранешниот амбасадор во ООН за финансиски малверзации

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, откако против него и уште три лица е поднесена кривична пријава за финансиски малверзации тешки над 116.000 долари.

Според пријавата, Фрчкоски во периодот од април 2022 до октомври 2024 година, како службено лице, постапувал спротивно на инструкциите од Министерството за надворешни работи и мислењето на Министерството за финансии, при располагање со 3,99 милиони долари од продажба на сукцесиски имот на СФРЈ во Њујорк.

Иако најголем дел од средствата биле префрлени во државниот буџет, остаток од речиси 59.000 долари останал на сметката на мисијата, а потоа бил незаконски потрошен, стои во пријавата.

„Средствата биле употребени за прекумерни репрезентации, нерегуларни трошоци за телефони, службени патувања, аванси, како и повлекување пари од касата за поправка на службено возило без дозвола од МНР“, се наведува во поднесената пријава.

Дополнително, пријавата открива дека Фрчкоски, заедно со Катина Георгиева, Јон Ивановски и Ивана Спиковска, направил уште неколку финансиски пропусти, кои резултирале со вкупна штета од 116.576,9 американски долари на државниот буџет.

„Станува збор за низа дејствија спротивни на правилниците за финансиско и материјално работење во дипломатско-конзуларните претставништва, како и прекршување на интерните процедури за јавни набавки,“ пишува во кривичната пријава.

Обвинителството сега треба да утврди дали има основ за поведување постапка.

Share This Article