Background

Кристина Еплгејт, 53-годишната актерка најпозната по улогата во ТВ-серијата „Dead To Me“, откри дека неодамна била хоспитализирана поради силни болки, поради борбата со мултиплекс склероза (МС), која ѝ била дијагностицирана во 2021 година

Кристина Еплгејт, 53-годишната актерка најпозната по улогата во ТВ-серијата „Dead To Me“, откри дека неодамна била хоспитализирана поради силни болки, поради борбата со мултиплекс склероза (МС), која ѝ била дијагностицирана во 2021 година.

Таа отворено зборуваше за својата тешка здравствена состојба во новата епизода од нејзиниот поткаст „Неуредно“ (MeSsy), која ја снимила во живо од болничкиот кревет.

„Не го правам ова затоа што мислам дека е одлична идеја да снимам од болница. Јас сум само тука и сакам да споделам што се случува“, рекла Кристина.

- Advertisement -
Ad image

Кристина објасни дека нејзините симптоми започнале за време на неодамнешната посета на семејството во Европа. Иако повремено се чувствувала добро неколку часа, брзо доживувала силни болки во стомакот и била принудена да легне.

По враќањето во Калифорнија и исцрпувачкиот 11-часовен лет, нејзината состојба не се подобрила. Таа одлучила директно да оди во болница и одбила да си оди дома додека не добие одговори:

„Не сакам само да ми даваат лекови и да ми велат да си одам дома. Сакам да знам зошто ми се случува ова и како да го спречам.“

Набрзо било откриено дека има инфекција на двата бубрега, што предизвикало силна болка на десната страна од грбот и стомакот.

„Врескав од болка. Мислев дека е апендицитис. Направија итна компјутерска томографија во 2 часот наутро – тогаш открија инфекција на двата бубрега. Сега сум на интравенска инфузија со антибиотици.“

Актерката откри дека лекарите ѝ поставиле некои непријатни прашања во текот на претходните посети, вклучително и како се бришела по користењето на тоалетот:

„Сериозно? Имам 53 години. Верувајте ми, имам најчиста вагина. Јас сум чиста девојка таму долу.“

Кристина проговори за својата борба со мултиплекс склероза (МС), болест која влијае на нервниот систем и предизвикува слабост, вкочанетост, проблеми со одењето, видот и други симптоми. Таа вели дека нешто што со кое најмногу се бори е стигмата:

– Луѓето ме прашуваат: „Како ја доби?“ Како да сум направила нешто за да ја заслужам оваа болест. Имав и рак на дојка, па можеби и тоа е моја вина? – рекла огорчено Кристина.

Во мај, таа даде шокантна изјава дека веќе речиси и не излегува од дома:

„Да го видат луѓето каков е мојот секојдневен живот, нема да можат да го издржат. Бидејќи понекогаш ниту јас не можам. Многу е тешко.“

Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation