Поранешната американска манекенка и сопруга на музичарот Џон Леџенд, Криси Тајген, доби многу негативни коментари откако објави фотографија на која позира во када со три од нејзините четири деца. Многу нејзини следбеници, освен што го осудија јавното обелоденување на нивната интимност, ја коментираа и бојата на водата на фотографијата.
„Ова е многу чудно и непотребно“, „Мислам дека децата се на возраст во која не треба да бидат во када со вас“, „Голи деца и голи возрасни луѓе не треба да се објавуваат на интернет, без разлика колку е ова невина ситуација, не е во ред“, „Децата заслужуваат приватност“, „Толку несоодветно“, „Зошто целиот интернет мора да ги гледа вашите деца во када?“, „Најстарото момче не треба да биде со вас во кадата“, се нижеа коментарите.
„Зошто ви е валкана водата?“, некој ја праша, на што бројни други корисници на Инстаграм се обидоа да најдат одговор.
Набрзо се огласи и самата Криси и објасни што се случува.
„Тоа е купка со кокосово млеко, но ајде, продолжете“, напишала 39-годишната манекенка.
Инаку, Криси во 2019 година изјави дека нејзината кожа станала многу чувствителна откако станала мајка.
„Откако ќе се породите, нешто необјасниво се случува со вашата кожа. Мојата кожа никогаш не била толку чувствителна како сега. Одев на различни хемиски пилинг, но малку од тоа помогна”, објаснила таа тогаш.
Инаку, Криси веќе неколку години не се појавува јавно во емисија или рекламни кампании откако бројни компании ја откажаа соработката со неа поради нејзините објави со насилство и омраза.