Криминалните игри на М-6 и Светозар Јаневски: Како се обидуваат да го уништат АД Охридтурист (Факсимили од акционерско собрание)

Saso
By Saso 12 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Демантот што ги разоткри сите лаги на М 6‚ и Светозар Јаневски

- Advertisement -
Ad image

Сопственикот на М-6 и најголем акционер во АД Охридтурист Светозар ЈАнески, дрско сакаше да ја излаже македонската и меѓународната јавност во својот демант испратен до редакцијата Охридскај. Редакцијата Охридскај само во мал сегмент ја објави вистината за криминалните игри на М-6 и за тоа како сакаат да го уништат севкупниот имот на АД Охридтурист, а при тоа парите од продажбите да ги испумпаат во другите компании во сопственост на М-6.

Contents
Демантот што ги разоткри сите лаги на М 6‚ и Светозар ЈаневскиСведоштво од вонредното собраниеСкривање на вистината – одбивање на записникотЗаписникот што ги разоткрива сите манипулацииОтворање на собранието и избор на претседавачИзбор на бројачи на гласовиСоставот на собраниетоДневниот ред што ги разоткри плановитеДискусијата што ги разоткри криминалитеМартин МијовскиДржавниот правобранител – јасна порака од државатаАдвокат Аце Ѓоршевски – разоткривање на манипулациитеПетте неуспешни обиди за продажбаСомничавата одлука на новиот ОдборСудската забрана што се игнорираМистеријата со 200.000 евра за Хотел ПаласПотценувањето на имотот за 11 милиони евраЏемал Рахман – сведоштво од инсајдерСашо Денесовски – директно сведоштвоФиналниот удар – неуспехот на криминалните плановиРезултатите што ги уништија плановите на М-6Заклучок: Како шило во торба

Сведоштво од вонредното собрание

Како полномошник на акционер во АД Охридтурист се појавив и на вонредното собрание. На собранието дневниот ред содржеше две клучни точки:

  1. Продажба на Хотел “Десарет” – поднесена точка од акционерот М-6
  2. Носење одлука за реставрација и реконструкција на хотел “Палас” – поднесена од акционерот “Екстра Скопско”

Државниот правобранител се произнесе по однос на двете точки, изнесувајќи го ставот на Министерството за финансии, дека и по двете точки НЕ ДАВАТ СОГЛАСНОСТ.

Скривање на вистината – одбивање на записникот

Како претставник на акционерот, со уредно полномошно заверено на нотар, и на самото собрание, а подоцна и со поднесок до АД Охридтурист, побарав да ми биде доставен записник од одржаното собрание на акционери.

Од страна на АД Охридтурист, ваквото барање е одбиено, со образложение од одредби од член 305, ст.5, и дека никаде не пишувало во ниту една одредба обврска да се достави записник на акционер,т.е никаде не стоело дека треба да му се даде записник?!

Кој е луд, а кој збунет? Дали М-6 преку извршната директорка на Охридтурист глуми лудило со цел да ги сокрие криминалите, или пак за друго барање на акционер за достава на препис од документација, се повикуваат на член 320 ст.2, ама повторно избегнуваат да дадат одговори и барани документи? За да избегнат срам пред јавноста, го упатуваат акционерот во судска постапка да ги добие бараните препис документи!

Но вистината е како шило – така и сите криминали на М-6 излегуваат на виделина.

Записникот што ги разоткрива сите манипулации

Доволно е само да се прочита записникот од одржаното акционерско собрание, за да стане јасно како М-6 се дрзнува да манипулира со имотот на АД Охридтурист.

Отворање на собранието и избор на претседавач

Седницата на Собранието ја отвори Бети Недева како полномошник за М-6 ДОО Скопје како претседавач на претходното Собрание. За претседавач на Собранието беа предложени двајца кандидати: акционерот М-6 претставуван од Бети Недева, и акционерот Џемал Рахман.

- Advertisement -
Ad image

Резултатите од гласањето:

  • За избор на Бети Недева (М-6): 87.738 акции “ЗА”, 51.231 акции “ПРОТИВ”
  • За избор на Џемал Рахман: 51.231 акции “ЗА”, 87.738 акции “ПРОТИВ”

Се констатира дека за претседавач на Собранието е избрана Бети Недева како полномошник на М-6.

Избор на бројачи на гласови

За бројачи на гласови имаше два предлога:

- Advertisement -
Ad image
  1. Џемал Рахман и Аце Ѓоршевски
  2. Мирјана Кузманоска и Славица Павлеска

Резултати:

  • За Џемал Рахман и Аце Ѓоршевски: 591 акции “ЗА”, 137.931 акции “ПРОТИВ”, 447 акции “ВОЗДРЖАНИ”
  • За Мирјана Кузманоска и Славица Павлеска: 137.931 акции “ЗА”, 591 акции “ПРОТИВ”, 447 акции “ВОЗДРЖАНИ”

Составот на собранието

На Собранието се присутни 7 акционери со вкупно 138.969 акции односно гласови што претставува 80,66% од вкупниот број на акции со право на гласање – постоеше кворум за работа.

Присутни беа:

  • Акционери односно нивни полномошници
  • Генералниот директор на АД Охридтурист Охрид – Оливера Ставрова
  • Државниот правобранител за подрачјето на Охрид како претставник на државата – Томе Трповски
  • Нотар Васко Паскали-Охрид водеше записник

Дневниот ред што ги разоткри плановите

Дневниот ред содржеше:

  1. Избор на претседавач и работни тела
  2. Усвојување на записници од седниците на Собрание од 18.02.2025, 25.02.2025 и 16.04.2025 година
  3. Донесување на одлука за продажба на недвижен имот – Хотел Десарет во Охрид
  4. Донесување одлука за водење на работењето со АД Охридтурист од членовите на Одборот на директори
  5. Донесување одлука за продолжување со доградба и реконструкција на Хотел Палас

Дискусијата што ги разоткри криминалите

Мартин Мијовски

Мартин Мијовски, полномошник за Драгана Јаневска, Јане Јаневски и Кирило Јаневски, истакна дека во моментот се води една неморална кампања и во име на неговите властодавци истакна дека не е време за одлучување по предложените точки од дневниот ред.

Истакна дека планира да гласа против сите предложени точки на денешното Собрание од причина што ниту една од точките на дневен ред не е итна (а се бараше итност и затоа се свика вондредно собрание)

Државниот правобранител – јасна порака од државата

Томе Трповски, државниот правобранител за подрачјето на Охрид како претставник на државата, истакна дека и покрај тоа што нема овластување за учество од страна на Министерство за Финасии  како акционер, сакал накратко да го изрази својот став како претставник на државата.

Неговата позиција:

  • Во однос на усвојувањето на записниците: “ВОЗДРЖАН”претставник на државата не бил присутен на сите одржани собранија
  • Во однос на продажбата на Хотел Десарет: “ПРОТИВ”не гледаат причина за продажба на хотелот
  • Во однос на точките од дополнението на дневниот ред: “ПРОТИВ” – не можеле да се произнесат од причина што за истото не е доставена никаква документација

Адвокат Аце Ѓоршевски – разоткривање на манипулациите

Адвокат Аце Ѓоршевски, полномошник за акционерот “Екстра Скопско ДООЕЛ”, даде најдетална анализа на криминалните активности:

Петте неуспешни обиди за продажба

Тој укажа дека на пет последователни Собранија од страна на М-6 како мнозински акционер се предлага продажба на недвижен имот, а не се кажува зошто се предлага продажба, кој е мотивот и целта.

Сомничавата одлука на новиот Одбор

Се обрати до генералниот директор Оливера Ставрова и запраша зошто новиот состав на Одборот на директори на првата своја седница без одржување состанок утврдил потреба да се донесе одлуката за продажба на Хотел Десарет.

Одлуката е потпишана од новиот претседател на Одборот Искра Клинкарова и од извршниот директор Оливера Ставрова, а потоа таа одлука е доставена до останатите членови на Одборот да ја потпишат.

Судската забрана што се игнорира

Адвокат Ѓоршевски укажа дека за претходната одлука за продажба на хотелот е поднесена тужба и донесена е времена мерка со забрана за продажба.

При тоа на сите присутни и претставени акционери и на нотарот им достави по еден примерок во копија од судската одлука за издадена времена мерка со забрана за продажба на Хотелот Десарет.

Мистеријата со 200.000 евра за Хотел Палас

На претходните Собранија поставувал прашање до каде е постапката за реконструкција на Хотел Палас, за кое се исплатени 200.000 евра на име документација, а од 2017 година од кога е издадено одобрението случајот нема епилог.

Беше кажано дека одговорот ќе биде објавен на веб страната на друштвото, но истото не е направено.

Потценувањето на имотот за 11 милиони евра

Во процедурата за статусни промени, ЕКСТРА-СКОПСКО кажале дека во проценката на недвижниот имот не е опфатен целиот имот на друштвото, погрешно е применета методологија за проценка на недвижен имот, истиот имот е потценет за 11 милиони евра.

Тоа нешто го утврдил и судот во одлуката која е доставена до акционерите.

Џемал Рахман – сведоштво од инсајдер

Акционерот Џемал Рахман истакна дека скоро цел живот го поминал во Хотелот Палас и дека знаејќи го капацитетот на Хотел Палас бара позитивна разрешница, зошто го боли хотелот така да пропаѓа.

Напомена дека не е во ред да има судски спорови и фирмата да трпи штета.

Сашо Денесовски – директно сведоштво

Сашо Денесовски во својство на полномошник за акционерот Здравко Ѓоргиевски истакна дека во предложените точки не глед разум, кажувајќи дека влеговме со лавиринт меѓу М-6 и Екстра Скопско ДООЕЛ.

Побара да ги извести надлежните дека бара примерок од договорот склучен помеѓу М-6 и Екстра Скопско ДООЕЛ во 2009 за реконструкција на Хотел Палас како и целокупната документација.

За прашањето за продажба на Хотел Десарет истакна дека не е јасна една работа – има две вештачења за вредноста на имот на Хотел Десарет, а едно со друго е контрадикторно.

Изјави дека се губат тешки милиони годишен профит, за М-6 да си ги мере силите, а на терет на акционерите и на терет на економската логика.

Финалниот удар – неуспехот на криминалните планови

Откако повеќето од присутните ги искажаа своите ставови во однос на предложените точки на дневниот ред, како и законската оправданост на истите, претседавачот предложи да се гласа за усвојување на дневниот ред.

Резултатите што ги уништија плановите на М-6

По спроведеното гласање од страна на присутните акционери се утврди дека:

  • “ЗА” се гласаше со 51.231 акции односно гласови
  • “ПРОТИВ” се гласаше со 87.738 акции односно гласови
  • “ВОЗДРЖАНИ” немаше

Претседавачот констатира дека предложениот дневен ред за работа на денешното Собрание НЕ Е УСВОЕН и ја заклучи седницата на Собранието на акционери во 13:00 часот.

Заклучок: Како шило во торба

Вистината е како шило – сите криминали на М-6 излегуваат на виделина. Записникот од акционерското собрание е јасен доказ за:

  1. Системски обиди за распродажба на имотот против волјата на другите акционери
  2. Игнорирање на судски одлуки и времени мерки за забрана
  3. Манипулации со проценки што резултираат со потценување од 11 милиони евра на имотот само на Хотел Десарет
  4. Потрошување на 200.000 евра без резултат за Хотел Палас
  5. Одбивање на транспарентност и скривање на документи од акционери
  6. Координирани активности на Одборот на директори во корист на М-6

Неуспехот на ова собрание е победа на правдата и знак дека акционерите не ќе дозволат понатамошно уништување на АД Охридтурист.

Време е надлежните органи да реагираат и да ги санкционираат овие очигледни злоупотреби пред да биде премногу доцна за спасување на оваа важна македонска компанија,Светозар јаневски и М6 не можат да бидат над државата,време е за Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

ПРОДОЛЖУВА

Сашо Денесовски

Прилог:Целосен записник од Акциоенсрко Собрание на АД „ОхридТурист“Охрид:

 

 

Share This Article