Крилото на Таравари во Алијанса на Албанците се изјасни

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Едното од трите крила на Алијансата Албанците, предводено од Арбен Таравари, соопшти дека го поддржува протестот организиран во, како што велат, одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна и водачите на Ослободителната војска на Косово, кои продолжуваат да бидат неправедно притворени во Хаг.

„Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на политичките убедувања, масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe.

Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, порачуваат од таборот на Таравари.

Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.

„Според законот, поднесовме две барања до Град Скопје. Добивме заклучок да ја платиме комуналната такса, што го направивме, и очекуваме дозволата да биде издадена без пречки, бидејќи тоа е уставно право“ – истакна Бујар Дардишта од Организацискиот совет.

Градоначалникот на Чаир и лидер на владејачката Демократско движење Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот за поддршка на поранешните водачи на косовската ОВК. Тој како градоначалник на Чаир, општина каде протестот треба да се оддржи, рече дека ќе даде согласност за негово одржување. Сепак, нејасно е дали Меџити ќе присуствува на протестот.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што го најави протестот. Мицкоски изјави дека смета оти Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.

Share This Article