Background

Кремљ „ќе го земе в предвид“ британското учество, од Лондон нема коментар

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кремљ денеска ги обвини британските експерти за вмешаност во смртоносниот украински напад врз рускиот град Брјанск, во кој беа употребени британските ракети „Сторм шедоу“.

- Advertisement -
Ad image

Прашан дали ќе има воен одговор на употребата на британските ракети против суверена руска територија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија ќе го земе в предвид британското вклучување.

– Очигледно е дека лансирањето на овие ракети не е можно без британски експерти. Ние сме свесни за тоа, добро го знаеме и секако ќе го земаме в предвид. За да се спречат понатамошни варварски дејствија на режимот во Киев, се спроведува специјална воена операција, а една од целите на операцијата е демилитаризација на Украина – изјави Песков.

Досега нема коментар од Лондон. Русија редовно повторуваше дека на Украина ѝ се потребни западни експертизи, податоци за целите и сателитски снимки за лансирање напредни ракети длабоко на руска територија.

Гувернерот на регионот Брјанск утрово соопшти дека во вчерашниот напад загинале најмалку 6 цивили, во „терористички ракетен напад“.

Украина објави дека погодила клучна фабрика за производство на компоненти за ракети, а  Москва ја обвини дека намерно гаѓала цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев нападнал една од најважните воени фабрики во Брјанск, која произведувала електроника за руски ракети.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека нападот бил однапред смислен и насочен против цивили и ги повика ОН да проценат што се случило.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation