Русија ја поздрави, како што вели, промената во реториката на неколку европски земји во последните денови. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнал дека изјавите на Италија, Франција и Германија за потребата од дијалог со Москва се позитивен сигнал и можно, според него, првично приближување кон реалноста.
– Ги поздравуваме изјавите од Париз, Рим и, изненадувачки, од Берлин. Ако Европа сака стабилност, мора да разговара со Русите – изјави Песков, додавајќи дека ова се совпаѓа со официјалната руска позиција.
Според портпаролот, ако ова навистина ја одразува стратешката визија на Европејците, тогаш тоа е позитивен развој на нивните ставови.
Песков исто така, посочи дека до неодамна европските престолнини зборувале само за „победа над Русија“, што го нарече утописки.
– Ќе видиме како ќе се развиваат настаните. Сега барем има рационални гласови – рече портпаролот.
Тој потврди дека Москва веќе има активен дијалог со Вашингтон.
– Високо ги цениме напорите на Американците во овој поглед.
Во последните денови, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц ја истакнаа потребата од обновување на дипломатските канали со Русија, со цел долгорочна безбедност во Европа.
Макрон во интервју за „Франс24“ на 14 јануари изјави дека „Европа мора повторно да ја отвори вратата за дипломатски дијалог со Москва“, нагласувајќи дека долгорочна стабилност на континентот не може да се постигне без разговори со Русија. Според Макрон, „време е да се најде издржана мировна рамка која ќе ги вклучи и Русите, колку и да е тоа тешко“.
Ден подоцна, на 15 јануари, италијанската премиерка Џорџија Мелони во заедничко обраќање со Макрон во Рим изјави дека „францускиот став е исправен – Европа треба да зборува со Русија ако сака да има тежина во идниот мировен процес“. Таа повикала на назначување европски специјален претставник за контакти со Москва и изјавила дека „дипломатијата не е слабост, туку услов за сила“.
Германскиот канцелар Мерц, на конференција на 16 јануари во Берлин истакнал дека Русија е „најголемиот сосед на Европа“ и дека „рамнотежата на континентот не може да се обнови без некаква форма на комуникација со Москва“. Според него, мирот и слободата бараат дијалог, не изолација.
Tagged as:
КРЕМЉ ГО ПОЗДРАВУВА „НОВИОТ ТОН“ НА ЕУ „
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
