Background

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) во моментов е најпопуларна партија во земјата

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) во моментов е најпопуларна партија во земјата, покажува најновата анкета објавена вчера.

Доколку парламентарните избори се одржеа сега, 26% од Германците би гласале за АфД, покажува анкетата на Институтот за социјални истражувања и статистичка анализа – Форса.

АфД на тој начин го престигна конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој падна на второто место со 24% поддршка во анкетата.

Оваа изненадувачка анкета ќе ги вознемири европксите политичари

- Advertisement -
Ad image

Со оглед на тоа што крајнодесничарскиот Национален собир веќе јасно води во Франција, оваа изненадувачка германска анкета веројатно ќе предизвика вознемиреност кај политичарите на мејнстрим партиите низ цела Европа. Во последниве години, десничарските популистички партии постигнаа силни резултати на изборите од Полска до Романија и од Португалија до Холандија.

Во Велика Британија, крајнодесничарската партија „Реформа на Велика Британија“ на Најџел Фараж е исто така на врвот на анкетите поради широкото јавно незадоволство од лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер, пишува Политико.

АфД е најголемата опозициска партија во Бундестагот

Иако анализата на неколку анкети покажува дека германските христијански демократи сè уште имаат мала предност пред АфД, крајнодесничарската партија е во пораст откако освои речиси 21% од гласовите на федерално ниво во февруари, што е нејзин најдобар резултат во историјата. АфД сега е најголемата опозициска партија во Бундестагот.

АфД е основана пред повеќе од една деценија како партија на група професори по економија кои, во средината на европската должничка криза, се спротивставија на еврото и финансиската помош за презадолжените земји. Во првите години, таа редовно освојуваше едноцифрени проценти на гласови на федералните и на регионалните избори.

Под водство на отворено радикалната Алис Вајдел, поранешна економистка, АфД сега се залага за тврдокорни антиимигрантски и десничарски популистички политики. Некои политичари од главните партии тврдат дека партијата е толку екстремна што треба да биде забранета според одредбите од германскиот Устав, дизајнирани да спречат повторување на нацистичкото минато.

Последната анкета, исто така, покажа дека Мерц се фокусира на прашања од надворешната политика, како што се војната во Украина и односот на Европа со САД за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, но исто така и дека тој запаѓа во сè повеќе политички проблеми дома.

Мнозинството Германци, покажува анкетата, се незадоволни од Мерц, а 67 проценти од испитаниците рекле дека не ја поддржуваат неговата работа по неговите први 100 дена на функцијата.

Следните федерални избори во Германија ќе се одржат во 2029 година

Фото: EPA-EFE/SOEREN STACHE

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation