Крај на една „космополитската” соработка: Мицкоски и Ќира раскинаа само после 30 дена

Saso
By Saso
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Струга – Политичката меденица помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Струга Менди Ќира траеше помалку од еден месец. Само 30 дена беа доволни дружбата, изградена на ветувања за соживот, да се распадне.

На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ го претстави Ќира како космополит, човек неоптоварен од етничка припадност, кој ќе гради мостови помеѓу албанската и македонската заедница во Струга. Партијата се колнеше дека токму тој е идеалниот кандидат за промовирање на мултиетничкиот карактер на градот.

Меѓутоа, реалноста брзо покажа поинаква слика. Во првите недели од мандатот, Струга се најде накитена со албански национални знамиња, без ниту едно државно знаме на Република Северна Македонија. Оваа постапка предизвика жестоки реакции и го активираше Министерството за внатрешни работи, кое веднаш поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.

Односот помеѓу Мицкоски и Ќира, кој требаше да биде симбол на надминување на етничките поделби, сега е оптоварен со тензии. Пријателството што беше градено на избирачките ветувања се распадна пред да заврши првиот месец од соработката.

Случајот со знамињата стана тест за вистинските намери и за крајот на една кратка политичка љубов.

С.Д.

Share This Article