Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот и заменик-претседателите на Парламентот, за време на 15-тото продолжение на конститутивната седница.
Претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, повторно го стави на гласање предлогот за формирање изборна комисија, но предлогот не го доби потребниот број гласови.
За формирање на Комисијата гласаа 56 од вкупно 120 пратеници, додека еден беше против.
Како што беше претходно најавено, пратениците од Демократската партија на Косово, Демократската лига на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово – Иницијатива не гласаа за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател.
Продолжението на конститутивната седница е најавено за 15 мај.